Времето студено

од Vladimir Zorba
155 прегледи

  Ветровито и студено време ќе преовладува денеска во земјава, со умерен до засилен северен ветер.

Во планинските региони ќе има повремено зголемување на облачноста и услови за провејување на слаб снег.

Минималната температура ќе се спушти до минус три степени, а  максималната ќе достигне до 13 степени.

Во Скопје слично време. Утринската темература ќе се спуштин до еден степен, а дневната ќе достигне до осум степени.

Од вторник утринските температури во поголемиот дел од земјата ќе бидат под нулата.

Од среда во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и дневните температури ќе бидат во благ пораст.