Груевски го готви “античкиот” Димовски за наследник

од Vladimir Zorba
116 прегледи

Димовски е играчот на Груевски кој  лично ја предводи  и менаџира  блокадата на македонскиот парламент


Само три дена откако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека има намера да се повлече од претседателската функција во партијата, вчера се разјасни дека  ќе одржи вонреден конгрес на 23-ти декември.  Кој ќе биде послушникот а кој наследникот на Никола не се знае, но кругот дефинитивно е стеснет.
Груевски е на чело на ВМРО-ДПМНЕ 15 години. Тој беше избран на оваа функција за време на конгресот во Охрид, со директната интервенција на Љубчо Георгиевски, во чиј кабинет Груевски имаше клучни позиции. Беше и негов мнистер и послушник додека не стана лидер.
Сепак во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, името на Илија Димовски најчесто се споменува како најреален можен наследник на Груевски. Димовски е меѓу најдоверливи лица во Извршниот комитет на актуелниот претседател. Тој исто така беше еден од најискрените и најгласните  застапници на  проектот Скопје 2014 поточно  ” “античка Македонија”.
37-годишната Илија Димовски лично ја предводеше организираше и менаџирашее блокадата на македонскиот парламент сите овие последни години додека трае парламентарната криза.   Покриваќи се со „деловници“ ,  процедурална контрола, тој стори сé што е можно за да го изблокира изборот на новата влада на Република Македонија, што доведе до ескалација во земјата и погром на парламентот на 27-ми април за време на крвавиот четврток, пишува БГНЕС.

Државниот удар или „Крвавиот четврток“ пак  е само врв на таа блокада, некаков нивни  излез од безизлезот за губење на власта, односно насилно превземање , каде повеќе од 100 луѓе беа тепани, вклучително и актуелниот премиер Зоран Заев, а за кои сега се води судска постапка и се притворени триесет извршители -учесници, под обвинение за тероризам .

“Во имотниот  лист на Илија Димовски нема ништо што   се води на негово име. Таму е запишано само  дека неговите родители поседуваат станови во Охрид и Велес, како и куќа  и  нешто земјиште во околните велечки села”, напишаа неодамна локални портали. “Вози  Мерцедес “, има акции, но не кажува од каде”, се вели уште во информацијата.

Димовски се посочува  и како автор на сите скандалозни изјави на митрополитот Агатангел, кој доби над 11 милиони евра обврзници за време на владеењето на Груевски. Во епархијата која е под контрола на Aгатангел , неговиот брат има
свињарска фарма, напишаа локални  медиуми, повикувајќи се на извори од епархијата.

На 1-ви декември во интервју за скопското интернет-издание “Курир” Груевски најави дека ќе поднесе оставка пред органите на партијата и се надева дека тоа ќе помогне да се нормализира  актуелната политичка ситуација. “Вечерта по првиот круг на изборите / локалните избори од октомври месец оваа година / Јасно изјавив дека лидерот на партијата носи најголема одговорност …
Без разлика каков ќе биде резултатот од анализата на изборите, дури и ако е таков што објективно мојата вина е мала или дури и ако се утврди дека немам објективна вина за загубата, јас ќе поднесам оставка пред органите на партијата “, рече тогаш Груевски.

Другите имиња со лидерски амбиции  се веројатно се за забава на јавноста.Илија Димвски веројатно е скриениот кандидат кој ем сака, ем перфектно и послушнички  ги извршува работите , а  ја има довербата на лидерот на заминување. Тој беше  и неговиот директор на Центарот за „ информации“ од каде се ширеше  пропаганда и спинувани информации кои ги хранеа новинарските мегафони и се манипулираше со медиумите за време на режимското владеење на ВМРО ДПМНЕ.

Вонредниот партиски конгрес на ВМРО-ДПМНЕ ќе се одржи на 23 декември

Македонскиот премиер и водачот на владејачката Социјалдемократска партија (СДСМ), Зоран Заев, одби да коментира за какви било промени во ВМРО-ДПМНЕ. “Тоа се внатрешни процеси кои членовите на партијата, заедно со раководните органи и структурите на партијата ќе одредат, па како за нив е најдобро”, рече Заев, цитиран од државната агенција МИА. Според него, “силната опозиција ќе ја направи власта поодговорна, потранспарентна, почитувана и со поголема граѓанска
одговорност”.