Ако биде прифатен новиот американски проект за стратегијата на Балканот тоа значи враќање на САД на регионот и обид да не се дозволи јакнење на Русија, пишува Комерсант.

Весникот потсетува дека проектот на новата балканска стратегија го разреди Атланскиот совет, близок до администрацијата на САД, и да нема официјален карактер, но дека би можел да стане платформа за американската политика на Балканот во скоро време. Дневникот наведува дека на Балканот на објавениот документ реагирале „многу сериозно и заинтересирано“.
Весникот пишува дека можни се намери на Вашингон поактивно да се позанимава со македонските прашања, а ја потврдува и информацијата дека нов американски амбасадор во Скопје ќе биде Хојт Брајан Ли, кој активно учествуваше во подготовката на документот за новата балканска стратегија.
„Зголемен интерес, секако, покажа Србија која во документот зазема посебно место. Претседателот Александар Вучиќ наведе дека станува збор за многу „важна тема“. Извор близок до властите во Србија за Комерсант вели дека документот е многу позитивен за Белград затоа што го признава значењето на Србија за регионот и одговара на напорите на Белград да има стратешки односи со САД“, пишува московскиот весник.