
Ирина Шејк за кратко ги остави зад себе мајчинските обврски и помина некое време со својот сопруг Бредли Купер.
Двајцата мирно лежеа и се сончаа на плажите во Мајами, а моделот побрза да објави фотографијата на Instagram, а во заднината се гледа Атлантскиот Океан.
На фотографијата таа позира со нејзиниот близок пријател Али Кавуси, а најверојатно Бредли е зад објективот.

Шејк се крие од сончевите зраци со капа. Русинката е во бел костим за капење во два дела и без капка шминка.
Несомнено сепак друг кадар привлече повеќе вниманието кај нејзините фанови. На него Ирина Шејк позира во црвен костим за капење пред огледало кое открива дека е во добра форма иако неодамна се породи. Сликата собра повеќе од половина милион лајка за многу кратко време.
