Европската унија го усвои „црниот список“ на 17 земји кои незаконски се овозможува затајување данок, а Македонија не е на таа листа.

Од регионот, Македонија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина се обврзаа до 2019 година да ги исполнат меѓународните мерила за спречување на проневера на плаќање данок.
Во пакетот мерки кои ги усвои Советот на министри за економија и финансии на ЕУ наведено е дека Македонија, Србија, Бих и Црна Гора ги прифатиле барањата на Европската комисија.
Во документот на ЕУ стои дека Македонија, Србија, БиХ и Црна Гора да станат членки во пошироки меѓународни рамки или правила на примена на стандардите на ЕУ за тоа да се обезбеди плаќање данок на добивка таму каде што во светот е остварен профитот.
Тие барања ги прифатија и Албанија, Турција, Јордан, Фиџи, Свазиленд, Виетнам, Мароко, Малдиви и Зеленортските острови.
На „црната листа“ се земји кои не дадоа гаранции или не презедоа мерки за да го спречат затајувањето данок како Американска Самоа, Барбадос, Бахамите, Гренада, Гуам, Макао, Маршалските острови, Монголија, Намибија, Палау, Панама, Санта Луција, Самоа, Северна Кореа, Тринидад и Тобаго, Тунис, Обединетите Арапски Емирати.
Земјите од „црниот список“ се повикуваат своите закони да ги усогласат со правилата на ЕУ за избегнување плаќање данок таму каде што ќе се оствари профит, а утврдени се и низа мерки, односно казни кои ќе се применуваат ако се утврди дека затајувањето данок не се спречува.