Кој е дизајнер на годината?

од desk4
77 прегледи

Британските модни награди и признанија за 2017-та.

Вчера во лондонската сала Ројал Алберт Хол се одржа годишната церемонија на модните награди, заедно со Swarovski.

Џонатан Андерсон и Крег Грин беа врв на настанот, беа наградени во категориите женска облека и машка облека.

Меѓу другите наградени се Адвоа Абоа која ја освои наградата за модел на годината, Раф Симонс, беше награден за дизајнер на годината, и Пат МакГрат со наградата Изабела Блоу за Моден креатор на годината.

Донатела Версаче беше наградена и дефинирана како модна икона, а Марија Грејс Кјури ја однесе во својот дом наградата Swarovski за позитивна промена.

Стела Макартни беше прогласена како носителка на престижниот трофеј за Специјално препознавање за иновација.

Кристофер Бејли беше награден за придонес на британските модни награди и позираше заедно со статуетката до главниот уредник на Vogue – Ана Уинтур.