Дипломатите од САД во Куба навистина имаат оштетување на мозокот поради мистериозниот звук

од desk2
109 прегледи

Кај персоналот на амбасадата на САД во Куба кои биле на мета на енобјасниви напади откриени се мозочни абнормалности, соопштија денеска лекарите.

Според нив, што и да е тоа што им наштетило на американските државни службеници во амбасадата во Хавана, довело до „воочливи промени во мозокот“.

Наодите на лекарите будат сомнежи дека дипломатите од САД на Куба биле жртви на некој вид „звучен напад“, наведува агенцијата AP.

Со медицински истражувања кај службениците се забележани промени во белата маса во мозокот, преку која комуницираат другите делови од мозокот.

Американско-кубанските односи се нарушија минатото лето кога функционерите од Стејт департментот објавија дека на група американски дипломати на Куба тешко им е оштетен слухот, од некаков вид „акустичен напад“.

Но, што всушност слушале дипломатите и службениците на американската амбасада со месеци? Одговор даде агенцијата Assotiated Press, која објави куса снимка од мистериозниот звук, една од варијациите на аудио-записи што ја слушале работниците во амбасадата.