Ефектот на Меган Маркел е навистина во полн ек. Жените сакаат да изгледаат како неа – облеката што ја носи свршеницата на принцот Хари, се продава како топол леб.
Но лудилото не завршува овде. Излегува дека актерката инспирирала и тренд во сосема друга насока -почитувачки на Меган легнуваат под нож за да се здобијат и со нејзиниот нос.
Пластичниот хирург Стивен Гринберг кој работи во Њујорк, утврдил зголемен број на пациенти кои сакаат да го имаат носот на Меган во последните шест месеци, како и во деновите по веста за свршувачката со принцот Хари.
Всушност тој вели дека ѕвездата од “Костими” дури ги претекнала Ким Кардашијан и Кајли Џенер кога станува збор за пластична хирургија, инспирирана од познати личности.
“Ова е веројатно една од првите – ако не и првата – желба на пациентите кои се надеваат дека ќе изгледаат како нивните омилени личности”, вели д-р Гринберг на Алур.
“Таа има навистина прекрасен нос, но мислам дека тој не е совршен. Во профилот, може да се види дека има многу мала грпка која е речиси невидлива кога се гледа од напред”, додаде тој.
Зголемениот интерес за носот на Меган доаѓа исто како онаа за носот на Кејт Мидлтон. Желбата на жените да имаат свој нос како нејзиниот стивнала две години по нејзината свадба со принцот Вилијам, објаснуваат пластичните хирурзи.