Италијанската полиција уапси маж поради сомнеж дека со талиум си го отрул цело семејство, при што починале бабата, дедото и тетката, а уште пет лица се пренесени во болница.

Обвинителите соопштија дека Матиа дел Кото го признал делото откако полицијата го претресла неговиот дом и нашла рецепти за талиум, безбојна, безмасна и безвкусна мешавина која е многу токсична.
Италијанските медиуми со недели шпекулираат за мистериозните случаи на труење откако беа пронајдени траги од талиум во чајот кој го пиеле членовите на семејството. Бабата и дедото се разболеле кон крајот на летото и починале во октомври. Некои членови на семејството пренесени се на невролошкото одделение во болница.