Јонуз: Тој што нема да оди во Париз (во куќата на Моне), ќе го снема од политичката сцена

од desk2
121 прегледи

Аналитичарот Агим Јонуз, коментирајќи го претстојниот состанок на политичките лидери од Македонија, под капата на европската заедница, која се планира да се одржи во куќата на Моне во Франција, вели дека тој што нема да се појави таму, ќе го снема од политичката сцена во Македонија.

Зборувајќи во емисијата „Само вистина“, Јонуз вели: „Во Париз ги викаат – деца, дојдете ваму, еве ви топка. Не сакате да играте топка? Ајде мрш!“.

Tројцата европратеници Иво Вајгл, Едвард Кукан и Кнут Флекенштајн, предлагаат претставници на македонските партии да учествуваат на средби, на кои, низ дијалог би постигнале консензус за најважните прашања за интеграциските процеси на Македонија. Како симбол за заложбите за интеграција во ЕУ, иницијаторите на дијалогот предлагаат овие средби да се одржуваат во Франција, во куќата на таткото на ЕУ, Жан Моне.

Од ВМРО-ДПМНЕ при посетата на Иво Вајг на почетокот од ноември рекоа дека не можат да изнесат конечен став за евентуалните средби со мнозинството бидејќи немаат прецизни информации за темите на кои би се разговарало.
За другите партии, иницијативата на Европскиот парламент е прифатлива. На првата средба е најавено присуство на еврокомесарот за проширување Јоханес Хан како и на претставници на Француските власти. Наредните средби би се одржувале на други локации во Европа и во Македонија.