Турските власти издадоа потерници за апсење на 56 осомничени членови на ФЕТО

од Vladimir Zorba
88 прегледи

  Турските власти денеска издадоа наредба да се уапсат вкупно 56 осомничени членови на Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО), објави турската телевизија НТВ.

Операцијата се спроведува по наредба на Истанбулското главно обвинителство. Акцијата се спроведува во Истанбул и во уште 18 други области, меѓу кои и Адана, Анкара, Ајдин, Бингол, Хатај, Измир, Текирдаг и Зонгулдак.

Досега се уапсени десетици лица кои се осомничени дека ја користеле мобилната апликација Бајлок (ByLock) за подготовка и спроведување на минатогодишниот обид за државен удар.

Според турските власти, групата ФЕТО на Фетулах Ѓулен, стои зад обидот за државен удар на 15 јули минатат година.