Чини 2,4 млн. евра, а го повлекуваат поради сериска грешка

од desk2
102 прегледи

Хиперавтомобилот Bugatti Chiron потврдува дека ни скапоцените егзотични модели не се имуни на фабричка грешка.

Таков е случајот со отповикувањето на Bugattija Chiron, чие производство е лимитирано на само 500 примероци, од кои само еден мал дел до сега се изработени и испорачани на купувачите.

Овој производител соопшти дека повлекува 47 автомобили поради можна грешка при заварувањето на седиштето, а американската Агенција за безбедност во сообраќајот потврди дека меѓу нив се 12 примероци продадени на пазарот во САД:

Bugatti вели дека ги известил сите 47 сопственици и дека бесплатно ќе ги транспортира возилата во специјален затворен камион до овластениот сервис за компанијата да може да ги провери, по потреба и да ги замени седиштата.