Еден француски свештеник од југо-истокот на земјата побара од верниците во следните три дена, од петок до недела, да се молат за дожд.

Свештеникот Хавиер Мале, од Гап, го побара ова од верниците откако еден загрижен граѓанин од регионот му испратил писмо во кое наведува дека шест месеци не виделе дожд и дека резервите на вода се намалуваат.
Тој пишува дека сите се фалат со убавината на регионот и дека 300 дена од годината се со убави временски прилики, но вели немаме доволно вода.
Свештеникот вели дека има специфична молитва за дожд која не е многу позната но постои во црковните книги.
Добра вест е што можеби молитвите се веќе услишани затоа што прогнозата за времето покажува дожд во следните денови во регионот Гап.