Поради сексуално пипање: Тејлор Свифт доби компензација од 1 американски долар испратен од DJ

од desk4
197 прегледи

Поранешен радио DJ, и исплатил на пејачката Тејлор Свифт, симболична сума од 1 долар за тоа што за време на фотосесија ја пипал, објави Асошиетед прес.

Дејвид Милер испратил монета од 1 долар . Тој уште придодал во писмото потврда со која се покажува дека исплатата е направена на 28 ноември оваа година.

Свифт беше меѓу избраните личности на годината за списанието „Time“, обединети под насловот Прекинувачи на тишината и се однесуваше на движењето против сексуалното насилство движење #MeToo. Во интервју за списанието, Свифт се жалеше дека нема добиено симболичко обесштетување од Милер.

Милер потоа ја тужеше Свифт за иницирање на лажни обвиненија против него и побара компензација од 3 милиони долари. Сепак, Сојузниот суд во Денвер пресуди во корист на Свифт.