Серијата “Големи мали лаги”, со хит актерките Никол Кидман и Рис Витерспун, ќе се врати со втора сезона следната година.
Ова го објави во петокот HBO телевизискиот канал, кој ги поседува правата за емитување на продукцијата.
“Повеќето од тимот ќе се вратат, преговорите се во тек”, рече HBO.
Кидман и Витерспун се очекува повторно да ги заземат своите места како актерки во водечките улоги и продуценти. Единствената промена ќе биде режисерот. Според соопштението на телевизијата на негото место ќе седне Андреа Арнолд, која во 2015 година освои “Оскар” за краткометражниот филм “Осата”. Таа го смени виртуозот Жан-Марк Вали.
Базирана на истоимениот бестселер на Лианг Мориарти, “Големите мали лаги” беше емитувана во 7 епизоди во форма на мини серија и не се очекуваше шоуто да продолжи натаму.
Изненадувачки за сите, сепак, шоуто предизвика не само невиден спектрален интерес, туку и доби осум Еми награди.