Има ли нов предлог за името?

од Vladimir Zorba
138 прегледи

Северна и Горна Македонија или РепубликаМакедонија (Скопје) се познати предлози, но дали новата рунда преговори ќе значи некој нов предлог кој ќе го испорача долгогодишниот преговарач Метју Нимиц.

Сепак и тој како и Ципрас и Заев и САД и ЕУ е оптимист. Добра волја за решение кај двете страни гледа и стариот и искусен  Нимиц, кој во изјава за Независната Балканска новинска агенција – ИБНА, изрази и надеж дека ќе бидат надминати и т.н. црвени линии поставени од Атина и Скопје.

И медиумите во Грција коментираат дека средбата на Нимиц со преставниците на двете земји во Брисел, е знак за континуитетот на позитивната клима, која се создаде во односите меѓу двете земји по промената на власта во Македонија. Како временска рамка која го придвижува решавањето на спорот и постигнување заемно прифатливо решение, се посочува следниот самит на НАТО, што треба да се одржи на 11 и 12 јули во Брисел, а на кој Македонија се надева дека конечно ќе се отвори патот да стане членка на Алијансата.

Оптимизам во Скопје и Атина пред новата рунда разговори за името во Брисел

Грчките медиуми најавуваат и дека е можно Нимиц на средбата во Брисел да излезе и со нов предлог за името.

Последната формална рунда разговори на медијаторото на ОН со преставниците на двете земји беше одржана во Њујорк во ноември 2014.

Спорот за името меѓу Атина и Скопје трае од осамостојувањето на Република Македонија во 1991 година. Поради противењето на Грција, која не го прифаќа нашето уставно име, зачленувањето на Македонија во ОН на 8 април 1993 година, беше направено под привремената референца: Поранешна југословенска Република Македонија. Под покровителство на ОН, двете земји почнаа разговори за решавање на проблемот што го има Грција со уставното име на Македонија, кои се уште траат.