Вардар во вториот дел го „скрши“ отпорот на Металург

од Vladimir Zorba
111 прегледи

  Ракометарите на Вардар многу потешко од очекуваното синоќа стигнаа и до десеттата победа во СЕХА лигата откако го совладаа градскиот ривал Металург со 31:24.

Гостите од Автокоманда имаа водство до 40. минута, но немаа сила да одиграат на исто ниво во текот на целиот натпревар.

Во првото полувреме Металург имаше постојано водство, а во неколку наврати разликата беше четири голови. На полувреме Металург водеше 14:12, а Вардар првпат поведе 17:16.

Најефикасен на дуелот беше Тимур Дибиров со 10 голови.

Вардар со максимални 10 победи и 30 бодови е прв на табелата, а зад него е ППД Загреб кој вчера го совлата Нексе со 30:29. Загреб има 19 бодови. Металург се наоѓа на седмото место со 9 бодови.

Денеска се играат и другите три натпревари од 10.коло: Цеље – Горење, Мешков Брет – Татран Прешов и Динамо Панчево – Војводина.