По тешкиот пораз на парламентарните и локалните избори, Никола Груевски како последна позиција ја загуби и лидерската во ВМРО ДПМНЕ. Не е исклучено тој во иднина да си поднесе и оставка од пратеничката позиција, колку за комплетеност на неговиот лузерски статус, бидејќи на неа беше избран не заради довербата, туку заради изборниот модел според кој тој беше прв на листата, а граѓаните гласаа за партијата, а не за нго.Тоа били било доблесно колку за потврда дека целосно ја загубил довербата по 10 годишното владеење а осудата и казната стигна и од граѓаите и од членството и од сопартијците.

ВМРО-ДПМНЕ на вонреден конгрес на 22 и 23 декември ќе избиран нов партиски претседател откако Никола Груевски поднесе неотповиклива оставка на синоќешниот состанок на Централниот комитет на партијата.
На вонредниот конгрес во Валандово, како што информира ганералниот секретар Христијан Мицковски, ќе учествуваат 544 делегати кои ќе треба да го изберат наследникот на Груевски.
(ВИДЕО) Централниот комитет ја прифати оставката на Груевски
Иако засега нема официјална потврда, најсериозни кандидати за челната позиција во ВМРО-ДПМНЕ, според партиски извори, се Мицковски, Никола Попоски, Антонијо Милошоски и Илија Димовски.
Генералниот секретар Мицковски, пред состанокот на ЦК потврди дека не е исклучена можноста тој да биде кандидат за партиски лидер.
Милошоски, пак, рече дека се уште не решил дали ќе се кандидира за наследник на Груевски. Според него е важно да има транспарентен конгрес.
– Помалку е битно новото име за претседател на партијата, повеќе е битен новиот концепт за делување на партијата како една здрава опозиција, истакна Милошоски.
Список на имињата делегати, кои на вонредниот конгрес на ВМРО-ДПМНЕ ќе изберат нов лидер