
Првиот заменик-претседател на косовскиот парламент и министер за надворешни работи Беџет Пацоли објави дека очекува до крајот на 2018 година да има конечен мировен договор со Србија.
Во емитувањето на косовската државна телевизија, тој најави дека следниот месец дијалогот меѓу Приштина и Белград ќе се води со поголем интензитет.
„Во 2018 година ќе го завршиме дијалогот. Јас сум оптимист дека дијалогот ќе заврши со мировен договор меѓу Косово и Србија. Овој договор е неопходен и за Косово и за Србија, и за иднината на народите во целиот регион“, рече Пацоли.
Инаку, само пред неколку дена најмладата држава на Балканскиот полуостров усвои скандалозен документ, со кои сака да ги прекрои границите на Балканот, односно сака да присвои 17% од територијата на Црна Гора.
Владата во Приштина на премиерот Рамуш Харадинај усвои документ со кој ја оспори демаркацијата на границата со Црна Гора. Приштина тврди дека оваа територијата на Црна Гора, всушност и припаѓа на Косово. Аргументот на косовските власти е дека демаркацијата не е во рамките на границите на поранешната автономна покраина во Југославија – Косово и Метохија, прецизира бугарски Фокус. Одбележувањето на границата со Црна Гора е еден од условите за визна либерализација на Косово, потсетува медиумот.