Кога во 2015-та година, заедно со неколку пријатели, настапивме со предлогот дека Македонија е земја, која е дефинирана неисправно и дека тие погрешни дефиниции за градењето на државата се повод за нејзиниот неуспех, па поради тоа е неминовно едно нејзино ново дефинирање (или, според нас, РЕДЕФИНИРАЊЕ), освен неуките и итрите политичари, имаше и голем број на т.н. „аналитичари“ и „креатори на јавното мислење“, обично со „договор на дело“, кои речиси нè прогласија за непожелни, обвинувајќи нè дека поттикнуваме војна, федерализација, односно наведоа ред други глупости, со што настојуваа да ја сатанизацираат, можеби, најблагородната и најполезната идеја за оваа земја.

Сепак, водејќи се од изреката времето е најдобриот лек, деновиве во Македонија, освен реформите во трите основни системи, како што се тајните служби, правото и администрацијата, несомнено главна и неизбежна тема е решавањето на спорот со името на државата. Сево ова се прави за да се зачлени земјата во НАТО и да се подготви истата за интеграција во ЕУ. Нејсе, има време и луѓето ќе го препознаваат останатиот дел на нашата идеја. Всушност овој свет не би бил толку убав ако не би биле и неуките и злобните. Впрочем само преку нивното постоење може се прави разликата.
Прекрстување или редефинирање на името на државата
Општо познато е дека од 1991 год. Македонија се соочува со еден суштински проблем – тоа е оспорување на уставното име на државата од страна на јужниот сосед, како и приемот во ООН под референцијата „Бивша југословенска република Македонија“. За жал постојат политичари кои за овој проблем дознале тек во 2004-та год., како што е претседателот на албанската партија на власт, но затоа светот е толку убав.
Од приемот на Македонија во ООН со гореспоменатата референција продолжија и преговорите со Грција, со посредништво на ООН. Како што знаеме, на самитот на НАТО, одржан во Букурешт во 2008-ма год., Македонија остана надвор од оваа алијанса само поради нерешениот проблем со името на државата. Овие преговори, кои се одвиваат повеќе од две децении, сега се дојдени пред свршен чин. Дури, се чини дека сите обиди за уривање на минатиот режим ВМРО-ДУИ и за воспоставување на новата власт на СДСМ, биле поврзани токму со прашањето на името.
Со намера да ја затвори воената, но и политичката граница, како и со цел да се спречат разните источни влијанија, кои не ја ризикуваат само стабилноста на оваа земја, туку и на регионот, северно-атланската алијанса настојува конечно и Македонија да влезе под оваа „капа“ и да се заокружи границата на НАТО во овој осетлив регион. Поради ова голем број европски и, особено, американски дипломати настојуваат Македонија што побрзо да го реши спорот со името и на тој начин да се исполни обврската за членство во НАТО. Со други зборови, барањето е на оваа држава да ѝ се најде едно прифатливо име и за Грција и за меѓународната заедница или, поинаку кажано, да се редефинира името и Македонија да стане членка на НАТО.
Проблемите
Иако на прв поглед оваа тема изгледа како лесно решлив проблем, фактот што се преговара повеќе од 20 години и не е најдено решение, покажува колку е проблемот сложен и тешко решлив. За грчката страна името „Македонија“ подразбира територијални претензии од северен сосед спрема Грција, бидејќи Грција својот северен регион го нарекува токму „Македонија“. Освен ова, Грците бараат името на нашата држава да има само географско значење со додатна придавка што ќе определи за која Македонија станува збор. Тие дури бараат и името на народот да биде препознатлив преку новото име на државата, а тоа да се однесува и на името на јазикот.
Македонските националисти, претставени во ВМРО-ДПМНЕ, иако се изјасниле дека може да прифатат име со некоја географска одредница, исто така додаваат дека воопшто не се сложуваат ваквата промена да го засегне и етничкиот и јазичниот идентитет. И, можеби оваа било и причина зошто се случи промената на власта и зошто македонската партија, која до сега беше на власт, на овие локални избори помина доста неславно. Во Македонија нешто врие…
Впрочем, темата за името можеби беше и главниот повод што беше направен толкав притисок над албанските партии да влезат во владата, било тоа и без исполнување на ниту едно барање на Албанците од Македонија. Односно, да бидеме докрај искрени, единствената албанска партија (Движење БЕСА) која не прифати да влезе во таква влада со однапред диригирани услови, со намера на тој начин ги штити интересите на Албанците, ја плати фактурата на локалните избори, кога целиот државен апарат беше користен против неа.
Еден друг проблем, кој малкумина од Албанците од Македонија го имаат увидено е прашањето на идентитетите. Во службените документи и на меѓународните институции сите граѓани на Македонија (следствено, и Албанците и другите) се именуваат како “macedonian” (Македонци), но исто така и името на најголемата етничка заедница во оваа земја е “macedonian” (Македонци). Тоа значи дека сите државјани на Македонија се Македонци по нивното државјанство, додека етничките Македонци се Македонци и по нивното етничко потекло. Фактички тоа е дискриминација за останатите етнички заедници, бидејќи нема никаква дистинкција која прави разлика меѓу етничкиот и државниот идентитет на етничките Македонци. Тука вреди да се истакне дека ни самите Македонци не се сложни околу тоа што подразбира етничкиот идентитет „Македонци“: според ВМРО-ДПМНЕ, Македонците се наследници на античките Македонци – сега словенизирани, додека според СДСМ тие се само Словени. Но, сите тие се сложуваат дека секој кој живее во Македонија треба да биде „Македонец“ по државна припадност.
Албанците и редефинирањето
Покрај blanco определбата на сите Албанци и на нивните политички партии во Македонија за членство во НАТО, водејќи се од сеалбанската заложба за заштита од антиалбанските источни виори, вистината е дека албанските партии во Македонија не понудиле речиси ништо во однос на спорот со името и, дури, често се однесувале рамнодушно – како името на државата да било интерес само на етичките Македонци. На овој начин ДУИ, во однос на името, понекогаш се однесуваше како аутсајдер дојден од Марс, која не знае дека државата има ваков проблем (како што беше и одговорот на нивниот претседател дека за овој проблем дознал дури во 2004-та год.), а понекогаш даваше знаци на наводно уценување на Македонците преку непосредни контакти со Грците, но сепак никогаш не беше искажан нивен предлог како партија во однос на прашањето на името. Дури изгледаше комично едно ТВ-обраќање на нивниот претседател, кога изјави: „Ми рече Никола ‘како би се чувствувал ти ако некој сака да ти го смени името?’”, притоа откривајќи ја својата неукост камоли оваа прашање да се однесува на име на човек или партија, а не на држава. Од друга страна ДПА нема кажано речиси ништо на ова тема, освен повторување на рефренот „ние сме за НАТО“ и ставот (гафот) на нивниот претседател „овој спор нека го решат Македонците“.
Иако малку е слушнато, а повеќе е сатанизирано и демонизирано, Движењето БЕСА со стапнувањето на политичката сцена го постави на друго ниво прашањето на името. БЕСА кажа дека темата на името не се однесува само на една партија и само на една етничка заедница посебно, туку е прашање што ги засега сите граѓани на оваа земја и сите нејзини државјани, бидејќи утре сите тие ќе се идентификуваат со новото име на државата. И, во духот на редефинирањето, БЕСА се залагаше за деетнизација на државата (тоа што премиерот се обидува да го продаде денес како граѓански модел, со што ја затскрива моноетничката држава) и градење на една заедничка држава, која нема да има специфични врски со ниту една етничка заедница и која ќе биде неутрална исто кон сите нив. Слично на американскиот или швајцарскиот пример, без подразбирање на нивниот внатрешен државен поредок, туку само во однос на заедничкиот надетнички државен идентитет. Или, уште поблиску, како примерот со Косово, каде што името на државата не асоцира на ниту една етничка заедница и каде државниот идентитет е заеднички за сите етнички заедници, кои живеат таму. Предлогот на БЕСА беше новото име на државата, како и нејзините симболи, да немаат посебна врска со ниту една етничка заедница посебно. На тој начин би се градел еден заеднички државен идентитет и, на тој начин, Албанците и другите заедници ќе може да се најдат себеси претставени во тој идентитет. Впрочем, БЕСА бeше и остана доследна на ставот дека редефинирањето или прекрстувањето на државата не треба да ја засегне македонската етничка заедница и да задира во нивниот идентитет (без разлика како и да се доживуваат себеси нашите сограѓани Македонци), бидејќи никој нема право некому да му го оспори правото да се чувствува како припадник на една одредена етничка заедница. На тој начин името на државата би можело да биде неутрално, како примерот со „Косово“, државниот идентитет според тоа име би бил по примерот „косовари“ (кој е само државен идентитет а неетнички идентитет), а во рамките на тоа би имале Македонци и македонски јазик, Албанци и албански јазик, Турци и турски јазик итн.
Со овој предлог би се постигнале две решенија: на надворешен план би помогнале во членството во НАТО, а на внатрешен план би ја редефинирале државата за да биде таа прифатена за сите заедници, без дискриминаторски постулати спрема ниту една друга заедница, а со тоа и би се згаснеле етничките тензии, кои неретко ѝ наштетиле и на внатрешната меѓуетничка кохезија на земјата.
Редефинирањето веќе е во тек
Што и да биде, Албанците во Македонија треба да ја имаат својата верзија и понуда за името на државата, бидејќи таквото решение го подразбира и заедничкиот државен идентитет. Иако љубоморните, неуките и т.н. „аналитичари“ може да негираат, ова што сега ни се случува во Македонија, ни помалку ни повеќе е токму РЕДЕФИНИРАЊЕ. За авторот на овој текст (и како претставник на партијата што го промовира ова решение) е добра вест што – независно од тоа што ова не се признава како придонес на БЕСА – сепак РЕДЕФИНИРАЊЕТО веќе е започнато. Секако, нам ни е жал што место ова да беше направено со добра волја и во интерес на внатрешната меѓуетничка кохезија, место Македонците и нивните партии да ја иницирале ова тема на овој начин и место Албанските партии да имале идеја за што станува збор и која треба да биде целта, очигледно е дека ова се прави по меѓународно барање. Но, и во ова има една добра вест: сите тие претставници на меѓународната заедница, кои, не сфаќајќи, го демонизираа поимот редефинирање, сега се убедени дека само редефинирањето на погрешно поставените постулати на Македонија можат да ја направат оваа земја интегрирана и просперитетна. Токму како што вели и народната поговорка „Подобро некогаш отколку никогаш!“.
И, убеден сум дека ваквото редефинирање ќе продолжи и во други области на градење на државата, бидејќи нема друга алтернатива. Само редефинираната Македонија е проекција на признаена Македонија од сите и подготвена за соочување со сите предизвици на иднината..Libertas
Зеќирија Ибрахими
Авторот е потпретседател на Движењето БЕСА