Два филма и дискусија на фестивал посветен на човековите права

од Vladimir Zorba
70 прегледи

   Во Кино Култура вечер од 19 часот ќе се одржат две отворени филмски проекции и дискусија во рамки на фестивалот на документарен филм „Movies that Matter“.

Ќе бидат прикажани меѓународно наградуваните филмови „What Tomorrow Brings?“ (Што носи иднината?) и „Who’s Gonna Love Me  Now?“ (Кој ќе ме сака сега?)

Помеѓу филмовите ќе има дискусија посветена на темите кои ги обработуваат – пристапот до образование, детските права, еднаквоста, ЛГБТ-правата и здравјето.

На дискусијата ќе зборуваат: Бенџамин Перкс, претставник на УНИЦЕФ во Македонија, Јована Ананиевска, програмска раководителка во Х.Е.Р.А. и Неда Чаловска, правен советник во Хелсиншки комитет за човекови права. Фестивалот е во организација на Младински образовен форум и Амбасадата на Кралството Холандија.

Програмата на настанот е отворена за сите посетители, влезот на проекциите е бесплатен, а филмовите ќе бидат со превод на англиски јазик.