Верувале или не, се појави нов тренд – сушење на вагината по секс со фен за коса. Магазинот „Health“ понуди и стручно објаснување и тумачење дали ова е делотворно.

Главна причина за тоа што го прават жените е да го намалат ризикот од полови инфекции.
„Ова до некаде држи вода, но се однесува исклучително на надворешните делови од вагината. Габичките настануваат на влажните делови, па со сушење по секс може да ја намалите можноста од инфекции“, вели гинекологот Такел Дардик.
Но докторката и предупредува на овој тренд.
„За да ги исушите внатрешните интимни делови треба да го ставите фенот во вагината, а тоа никако не го препорачувам“, вели д-р Дардик.
Докторката сепак вели дека не постојат потврдени податоци дека сушењето на интимните делови со фен сигурно го спречува воспалението.