Бројот на новинари што се наоѓаат во затвор втора година по ред е на рекордно ниво, соопшти синоќа Комитетот за заштита на новинарите. 
Спорд податоците на Комитетот, чие седиште е во Њујорк, на 1 декември во затвор ширум светот поради извршување на своите работни обврски се наоѓале 262 новинари. Лани на истиот датум зад решетки били 259 новинари.
Најголем број новинари, вкупно 72, се наоѓаат во затворите во Турција, а по неа следат Кина со лишени од слобода 41 новинар и Египет со 20. Натаму следува Еритреја со 15 новинари зад решетки, пред Азербејџан и Виетнам со по 10.
Според извештајот, во 74 отсто случаи новинарите се осудени под обвинение за „антидржавни активности“ врз основа на „произволното толкување на важечките закони за борба против тероризмот“.
– Земјите што ги затвораат новинарите поради тоа што го објавиле, го кршат меѓународното право и треба да одговараат, изјави извршниот директор на Комитетот, Џовел Сајмон.
Според него, тоа што репресивните власти минуваат без кази поради затворањето на новинарите, претставува неуспех на меѓународната заедница.
Извештајот се осврнува и на влијанието на американскиот претседател врз слободата на изразување, при што се нагласува дека бројот на новинари кои се осудени поради објавувањето на „лажни вести“ во САД двојно се зголеми во однос на лани на 21.