Пиперки полнети со сирење

од desk2
258 прегледи

Пиперките ни се национално јадење, па еве уште еден рецепт како да ги приготвите.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

* 4 лажици масло

* 1 чаша вода

* бибер по вкус

* сол по вкус

* 1врска магдонос

* 1 домат

* 4 јајца

* 350гр сирење

* 10 пиперки

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Измијте ги и исчистете ги пиперките од семето.
Во посебен сад изматете ги јајцата, додадете го ренданото сирење и ситно исецканиот домат и магдонос. Ставете бибер и сол по вкус.
Полнете ги пиперките со смесата.
Подготвените пиперки, наредете ги во тава. Додадете го маслото и 1 чаша топла вода.
Печете во рерна на 180 степени околу 40-45 минути.