Груевски не кажува, дали тој или КОј се заканува за потпис за негов наследникот !

од Vladimir Zorba
166 прегледи

Сепак по партиските штабови не се крие дека даваат потписи за тој на кој му намигнува Никола Груевски, а не дека тоа е нивен избор, туку партиска директива.

 Кандидатите за претседател на ВМРО-ДПМНЕ во процесот на собирање потписи да не користат никакви форми на притисок, заплашување, закани, уцени, измами и изнудување, објави  лидерот на партијата Никола Груевски преку својата Фејсбук страна.

– Посебно сакам да нагласам дека доколку било кој го злоупотребува моето име како долгогодишен претседател на партијата, во контекст на собирањето потписи за поддршка и во контекст на гласањето, треба да се знае дека станува збор за лажно преставување и информирање, и доколку тоа е пресудно при носењето одлука за поддршка, треба да се одбие давањето подршка или глас, истакнува Груевски.

 

Тој на неговиот профил на Фејсбук вели дека не овластил никого од кандидатите да се повикува на неговата, како што нагласува, наводна екслузивна поддршка, заради собирање потписи за поддршка или гласање.

Сепак по партиските штабови не се крие дека веќе даваат потписи за тој на кој му намигнува Никола Груевски, а не дека тоа е нивен избор. Извори од месните комитети велат дека слушнале дека партиската директива  е за неговиот генерален секретар Христијан Мицковски.

 Претседателот на партијата во оставка Груевски не сакаше да ги коментира своите пораки објавени на фејсбук за избор на претседател на партијата, и дали тоа е алиби  за веќе дадената директива по членството дека неговиот наследник треба да биде негов избор.

Партиски извори велат дека Груевски и покрај тоа што е поразен сеуште има висок рејтинг во партијата, и дека единствен кој може да го загрози е обединетата пратеничка група која се договара да оди само со еден кандидат а таму борбата е меѓу Антонио Милошски и Илија Димовски.