Харадинај: ЕУ во март ќе ги укине визите за граѓаните на Косово

од Vladimir Zorba
177 прегледи

  Премиерот на Косово Рамуш Харадинај изјави дека Европската унија во март следната годин,а по прославата на 10-годишнината од независноста, ќе укине визи за граѓаните на Косово.

– Граѓаните на Косово ќе може да патуваат без визи надоцна до крајот на март идната година, а можеби и пред тој датум. Исто така, во тој месец и безбедносните сили на Косово ќе станат армија на Косово, изјави Харадинај.

Тој најави дека на 18 декември во Брисел ќе се разговара и за тие прашања, објави РТК2.

Тоа е првпат Харадинај да изнесе конкретен датум за решавање прашања како што се либерализација на визите и формирање армија на Косово.