ВО ЖИВО: Протест пред Влада поради високата загаденост на воздухот

од desk2
86 прегледи

Пред Владата на Република Македонија се одржува протест поради високата загаденост на воздухот во Скопје.

Граѓаните имаат повеќе барања до належните иниституции, меѓу кои и итно чистење на сите главни и споредни улици и депонии во градот, забрана за сообраќај во најзагадените денови, освен за возила на пожарната, полицијата и брзата помош, службени возила за истовар на стока, бесплатен јавен превоз, забрана за градежни активности во зимските месеци итн…