На Sarajevo Holiday market кој се одржува во паркот Хастахан, се преврте луда железница, при што на неа биле три лица, а се повреди еден маж кој со ќерките бил во вагонот.

Екипата на Итната помош му укажал помош на повредениот маж, по што е префрелн во болница.
„Според информациите повредите не се сериозни. Машината на која се случила несреќата поседува дозвола и со неа управувало стручно лице од фирмата Luna Park Bolero. Машината ведаш е исклучена од работа и така ќе остане се додека не се утврди причината за несреќата“, вели Емина Мушија од PR Sarajevo Holiday Market.
На местото на несреќата се припадници на полицијата кои вршат увид.