Еве еден рецепт за кифлички, за кои не замесувате тесто.

Состојки:
6 кори за пита
5 виршли
3 дл јогурт
2 јајца
0,5 дл масло
1/2 прашок за печиво
3 рамни лажици гриз
сусам, сол
Приготвување:
1. Во соодветен сад се матат јогуртот, јајцата, печивото, маслото, гризот и малку сол по вкус.
2. Една кора за пита се премачкува со смесата од јогурт. Се прекрива со друга кора и повторно се премачкува. Потоа, покрај едниот крај од кората се распоредуваат две цели и една половина од виршла, една до друга, и внимателно се ролуваат.
3. Обликуваната ролна се сече на 5 еднакви дела. На истиот начин од преостанатиот материјал се обликува уште една ролна, која исто така се сече на помали парчиња.
4. Се редат во плех и се премачкуваат со преостанатата смеса од јогурт и се поросуваат со сусам.
5. Се печат во загреана рерна на 200˚Ц додека поруменат.