Францускиот претседател Емануел Макрон смета дека џихадистичката група Исламска држава во Сирија ќе биде поразена до средината на февруари следната година, а сирискиот претседател Башар ал Асад не може да се игнорира, но еден ден ќе мора „да одговара за своите злосторства“.
Тој во синоќа емитуваното телевизиско интервју потсети дека ирачките власти овој месец објавија дека ИД е поразена.
– Мислам дека до средината на февруари ќе победиме во Сирија. Башар Асад ќе биде таму, истакна Макрон, нагласувајќи дека „не може да се разговара со претставниците на Асад“.
Според него, Асад и неговите претставници на крај „мора да одговараат поради своите злосторства“ пред сирискиот народ и меѓународните правосудни институции.
Макрон изјави дека „проект на Франција е да постигне мир“ во Сирија, каде „сите малцинства се заштитени“.