Повеќе членовите на екстремистичка организација се притворени во Атина во врска со заговор за убиство на турскиот претседател Реџеп Ердоган за време на неговата последна посета на Грција претходно овој месец.

Грчкиот весник To Vima пишува дека деветмина членови на Револуционерната народноосвободителна партија-фронт планирале да го  убијат Ердоган со фрлачи на гранати, бомби и  “Молотови коктели“.

Според полициски  информации две групи од екстремисти планирале да го конвојот со Ердоган од двете страни , а трета група – позади.

Властите во грчката држава се уште  го бараат складираното  од групата оружје и муниција за кои се верува дека се скриени во планини во близина на Атина.

Групата турски националисти била  уапсена на 28 ноември како дел од истрагата за разни турски екстремистички организации.

   Турскиот лидер Реџеп Ердоган го посети грчкиот главен град 7-8 декември . Така, за прв пат турскиот претседател беше во официјална државна посета на Грција во изминатите 65 години.