Станува збор за коктел од кој нема да можете да се одвоите во текот на целата зима. Тој ќе биде присутен на сите забави и одвај ќе дочекате да ги повикате пријателите за да го подготвите. Најдоброто од сѐ е што веќе ги имате сите потребни состојки во вашите домови. Повикајте ги пријателите, засукајте ги ракавите и дочекајте ги со примамлив Нутела коктел.

Потребни состојки:
250 грама Нутела
200 милилитри млеко
250 милилитри вотка
50 грама кафеав шеќер
Начин на подготовка:
Измешајте ги во блендер млекото, Нутелата и кафеавиот шеќер. Матете додека шеќерот целосно не се растопи. Потоа додајте ја вотката и матете на најголема брзина во блендерот. Овој коктел послужете го со мраз. Ако во некој случај вие и вашето друштво не ја испиете целата подготвена количина (иако се сомневаме), овој Нутела коктел можете да го чувате во фрижидер еден месец .