Во Тирана дојде до судир на полицијата со учесниците на протестот што имаа намера да влезат во Собранието. Албанската телевизија „Њуз 24“ инфомира дека полицијата употребува и солзавец, а во судирот има повредени полицајци и цивили.

Внатре во собранието дојде и до турканица меѓу пратениците.
Телевизијата објави дека над зградата на собранието има и снајперисти. Покрај лидерот на Демократската опозициска партија, Лулзим Баша, кој изјави дека ова е срам за Албанија, на протестот се придружи и втората по големина партија, која е во опозиција, Социјалистичко движење, која ја предводи сопругатата на претседателот на државата, Илир Мета, Моника Криемади./Макфакс
Во собранието седницата за избор на јавен обвинител е прекината. Албанските медиуми јавуваат дека пратениците на опозициската Демократска партија во собранието не дозволуваат да се изгласа новиот јавен обвинител бидејќи сметаат дека станува збор за политичко решение на партиите на власт предводени од страна на социјалистите на премиерот Еди Рама. Опозицијата бара решението да биде во согласност со Уставот, со кој, според нив, се бара професионален јавен обвинител, а не политички.