Геофизичари: Откривме нова џиновска магма-бомба под почвата на САД, таа се искачува кон површината на Земјата!

од desk4
139 прегледи

Геофизичари од Ратгерскиот универзитет во САД откриле дека под американската сојузна држава Вермонт има огромен меур со вжештена магма, која постепено се искачува кон површината.

Според експертите, таа може да предизвика појавување на вулкан во овој релативно стабилен регион, пишува Science Alert. Истражувачите го користеле системот Earthscope – мрежа од над 1.000 уреди кои откриваат сеизмичка активност низ Северна Америка.

Научниците откриле термичка аномалија што е стотици степени потопла од околната почва, која е во горните слоеви. 400-километарскиот вжештен меур од магма е на 200 километри под површината на Земјата.

Аномалија лежи веднаш под централниот дел на Вермонт и засега ги загрозува западните делови на Њу Хемпшир и Масачусетс. Бидејќи во регионот нема активни вулкани, научниците сугерираат дека ова е релативно млад геолошки феномен. Тие сугерираат дека вжештениот меур може да стигне до површината на Земјата и да предизвика појава на нов вулкан, како што тоа се случило пред околу 50 милиони години.