2025 – крајот на автомобили со бензински и дизел мотори

од desk4
101 прегледи

Најголемиот јапонски производител на автомобили “Тојота мотор” има намера да го запре производството на бензински и дизел мотори до 2025 година. Ова беше објавено денеска на работилницата организирана од страна на компанијата во Токио.

Како што известува Кјодо, “Тојота мотор” потоа ќе се концентрира само на продажба на автомобили со електрични мотори во различнна верзија. Тојота ќе произведува хибридни бензин-електрични мотори, автомобили со водородна потрошувачка и чисти електрични возила.

Семинарот истакна дека во првата половина на 2020-та година “Тојота мотор” ќе понуди повеќе од 10 видови на електрични возила на пазарот. Во моментов автомобилскиот гигант не произведува вакви автомобили.

Друга голема јапонска компанија во оваа област – “Мазда” – претходно соопшти дека планира во првата половина на 2030-тите години целосно да се откаже од производството на автомобили со бензински или дизел мотори во корист на хибриди и електрични.

Во август, “Мазда” и “Тојота моторс” ја објавија својата намера да стапат во партнерство за да развијат електрични автомобили и да создадат заедничко вложување во САД.

Проширувањето на соработката меѓу двете компании е диктирана особено и од фактот на ригорозните еколошките норми низ целиот свет и одлуката на властите во Велика Британија и Франција да бидат прекината продажбата на автомобили со дизел и бензински мотори во 2040 година.