
Во викендите новиот канцелар – претседателот на Австриската народна партија Себастијан Курц, склучи договор со Партијата на слободата, националистичка формација, основана по Втората светска војна од поранешни членови на нацистичката партија, сега предводена од Хајнц-Кристијан Штрахе.
Народна партија на Курц освои 32 отсто од гласовите на парламентарните избори во октомври, обезбедувајќи 62 места во парламентот од 183 места. Партијата на слободата освои трето место со 26 отсто од гласовите и 51 пратеник.

Околу 5.000 луѓе се собраа на протести во Виена – далеку помалку од десетиците илјади кои излегоа последниот пат кога Партијата на слободата влезе во влада .
Масовно полициско присуство од околу 1.500 полицајци , хеликоптери и водени топови го блокира реонот околу дворецот Хофбург пред почетокот на церемонијата на положување заклетва.
Додека демонстрантите од леви и антифашистички групи се собираа на централниот плоштад “Хелденплац”, луѓе носеа транспаренти на кои се читаше ” Добредојдовте, бегалците и”, ” Нацистите надвор ” и ” Без нацистички свињи “.
Полицијата фрлила и чадни бомби откако некои демонстранти се обиделе да го пробијат полицискиот кордон, соопшти францускиот печат.
Во договорот за коалиција, двете страни ветија дека ќе ја запрат илегалната имиграција и ќе ја забрзаат депортацијата на лицата на кои им е одбиено азил, но исто така ја нагласуваат посветеноста на земјата на Европската унија.
Партијата на слободата ќе ги контролира клучните позиции во новата влада, вклучувајќи ги и внатрешните, странските и воените министерства.