Facebook во борба против страниците кои користат наслови за мамки против лајкови

од desk2
65 прегледи

Facebook оваа седмица ќе почне со примена на политиката за „demoting“, односно намалување на досегот на постови кои користат спамерски наслови, со кои се служат одредени страници за креирање интеракција со корисниците на оваа друштвена мрежа.

„Лајкнете го ова ако сте во хороскоп овен“, и слични наслови со кои се злоупотребуваат алгоритмите на Facebook за да се зголеми ткн. engagement односно интеракција со корисниците или ткн. reach или досег.

„Почнувајќи од оваа недела, Facebook ќе ја намали видливоста на постовите за луѓе и страници кои користат вакви налови. За да се разликува од автентичната интеракција од онаа која е предизвикана од мамки за интеракција и engagementbait, анализирани се илјадници наслови за спорните текстови автоматски помалку да се прикажуваат на News Feed кај корисниците.

„Demoting“ односно намалена видливост ќе биде аплициран на комплетни страници, а не само на спорни постови. Казнувањето нема да почне веднаш, за да може креаторите на ваквите содржини навремено да бидат известени за новите правила.

Facebook ветува дека постовите кои имаат цел поголема интеракција за да се пронајде некој исчезнат или да се помогне парично на некој болен нема да подлежат на новите правила.

Од мрежата најавуваат дека сопствениците на страници кои користат engagementbait наслови во следниот период може да очекуваат пад на посетеноста.

„Администраторите треба да се фокусираат на делење релевантни и значајни приказни, а не на недопуштени тактики за привлекување корисници“, заклучуваат од Facebook, кој објави проширен прирачник за администратори.