До сега се тврдеше дека мажите сојот сексуален врв го доживуваат на 18 години, а жените двојно подоцна, но сме живееле во заблуда.

Сексуалниот врв жените го доживуваат на 26 години, а мажите шест години подоцна, покажа најновото истражување кое ги побива досегашните бројки – 18 години за мажите и дури 35 кај жените.
Во истражувањето научниците го дефинираа сексуалниот врв како период кога доживуваме најдобар секс, а резултатите ги изненадија испитувачите затоа што драстично ја зголемија границата кај мажите, а женската граница ја спуштија.
Жените сепак предничат пред мажите по годините во кои ја губат невиноста некаде околу 16 година, а на мажите тоа им успева дури една година подоцна.
Трејси Кокс, неизбежниот сексолог коментира дека вакви резултати одамна очекувала, затоа што тврди дека на мажите им треба повеќе време да сфатат како функционира женското тело, па е логично многу подоцна да го доживуваат сексуалниот врв.