В.д. директорот на Градска: Министерството и претходниот менаџмент во 2015 набавиле рентген апарати од 400 илјади евра а ги оставале за плаќање во 2017

од Vladimir Zorba
85 прегледи

В.д. директорот на ЈЗУ Клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски“ Иван Спировски на својот Фејсбук профил откри уште детали за случајот „Рентген“ на СЈО:

Пред два месеца, како “млад” в.д. директор на ЈЗУ Клиника по хируршки болести “Св. Наум Охридски” од Скопје, ќе се дамлосав кога ми дојде катил-ферман, дека треба да платам 25.000.000,00 денари (400.000,00 €), за рентен апарати набавени од Министерството за здравство, во 2015 година, во соработка со тогашниот менаџмент на клиниката. Под закана од тужба. А, тогашниот менаџмент на клиниката, во договорот за набавка си ставил клаузула, со плаќање да се започне на крајот од 2017 година. Мене ме чекале. Уште тогаш знаеле дека ќе станам директор, а јас појма немав за тоа до пред некој месец. Денес слушам, од пресот на СЈО, дека некој направил “добра” зделка со набавката на рентген апарати и заработил 860.000,00 €.

Се моли чесниот суд, ако докаже дека овде постои кривично дело и дека некој заработил 860.000,00€ (мито), да ги конфискува овие евра и да ѝ “досуди” на мојата клиника 400.000,00 €, како би се оддолжиле кон добавувачот на опремата, зошто стварно (значи, стварно) немам идеја каде да ги најдам овие пари.