Српскиот претседател Александар Вучиќ најави за време на посетата во Москва дека Србија никогаш нема да воведе санкции против Русија , информира IBNA.
Вучиќ се состана со рускиот заменик-премиер Дмитриј Рогозин.
За време на состанокот тој истакна дека Србија “цврсто го поддржува продлабочувањето на развојот на политичките односи со Руската Федерација”.
Според него, Белград одржува добри политички односи со Москва, врз основа на “стратешко партнерство и подготвеност на двете страни за зајакнување на врските во сите области”. Тој му се заблагодари на Рогозин за ” силната и постојана поддршка на Русија за територијалниот интегритет и суверенитет на Србија”.
Пред руските новинари, Вукиќ истакна дека Србија нема да наметне санкции за Русија поради кризата во Украина . “И ние никогаш нема да мораме “, рече тој.
Подоцна, Вучиќ се состана со својот руски колега, Владимир Путин.
Српскиот претседател Александар Вучиќ и претседателот на Руската Федерација Владимир Путин по неколучаса ги завршија билатералните разговори во Москва, по што потпишаа серија договори за соработка во различни области. Путин пред новинарите истакна дека разговорот бил искрен и содржаен и најави натамошен развој и јакнење на односите меѓу двете земји.
Рускиот претседател, на заедничката прес-конференција со Вучиќ истакна дека Русија ќе продолжи со поддршката на суверенитетот и територијалниот интегритет на Србија.
Тој додаде дека Русија ќе ја поддржи секоја одлука за Косово што ќе биде постигната меѓу Белград и Приштина, нагласувајќи дека решението треба да се постигне со политички средства, во дијалог на двете страни и да биде во согласност со Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН.
– Русија е заинтересирана за стабилизација на ситуацијата во регионот. Руската страна ќе продолжи со поддршката на суверенитетот и територијалниот интегритет на Србија, рече рускиот претседател.
Путин потенцира дека со Вучиќ најмногу разговарале за економската соработка со оценка дека таа е во пораст и дека така ќе се продолжи. Воедно тој најави дека Русија ќе ги покрие потребите на Србија за гас.