Сметководителот од Аушвиц ќе се жали на пресудата, не сака да оди во затвор

од desk2
87 прегледи

Некогашниот сметководител во Аушвиц, Оскар Гренинг (96), ќе се жали на одлуката на германскиот суд кој му пресуди четири години затвор. Неговиот адвокат наведува дека Гренинг се повикува на основното право на живот.

„Мора да се испита дали неговото основно право на живот и телесен интегритет ќе бидат гарантирани во затворот со оглед на неговото здравје“, рекол адвокатот Ханс Холтерман.

Гренинг во 2015 година е осуден на четири години затвор како соучесник во убиството на 300.000 Евреи. Тој тогаш се извини. Во ноември годинава Апелацискиот суд процени дека тој е способен да ја отслужи казната и ја потврди пресудата.

Судењето против Гренинг се одвиваше во рамки на задоцнетите судења на нацистите. Неговото судење ја покажува строгоста на германското судство кон поранешните нацисти./Макфакс