Суд: Маж е одговорен за детето зачнато без негово присуство

од desk2
127 прегледи

Судот во Јапонија прогласи еден маж за законски одговорен за неговото биолошко дете, покрај тоа што бебето е родено неколку години откако тој се развел со сопругата, и не учествувал во нејзиното зачнување.

Судот за семејни спорови во Нари ја отфрли тужбата на 46-годишниот странец, кој се обидел да ја избегне законската обврска кон својата 2-годишна ќерка, родена без негово знаење.

Мажот и неговата поранешна сопруга се венчале во 2004 година. Добиле син во 2011 година по пат на вонтелесно оплодување, а се развеле во 2013 година. Сепак, жената во 2014 година решила да го искористи замрзнатиот ембрион и да остане трудна, верувајќи во согласноста на поранешниот сопруг, кој никогаш не побарал ембрионот да се уништи, пренесе BBC.

Судот ја отфрли жалбата врз основа на фактот што сопружниците и понатаму технички биле во брак кога девојчето се родило, затоа што официјално се разведени во 2016 година.

Мажот планира да поднесе друга тужба, а од поранешната сопруга бара 178.000 долари за претрпена душевна болка.