(ВИДЕО) Груевски на протест на ВМРО-ДПМНЕ пред истражниот затвор Шутка

од desk4
124 прегледи

ВМРО-ДПМНЕ вечерва протестираше пред истражниот затвор во Шутка. На протестот пред граѓаните се обрати лидерот во заминување, Никола Груевски.

Од мое име и од името на ВМРО-ДПМНЕ, од името на сите наши членови, поддржувачи и од името на целиот македонски народ ги поддржувам луѓето неправедно притворени во овој затвор заради тоа што се патриоти, изразувале патриотски чувства и никого не повредиле, рече Груевски.