Јанкулоска и Мијалков на Кривичен за случаите „Таргет и Тврдина„

од desk4
148 прегледи

Денеска во Кривичниот суд во Скопје е закажано судско рочиште за  споениот предмет „Таргет – Тврдина“, кој е  за незаконското прислушување и за уништување на опремата за прислушувањето.

Во овој предмет се обвинети екс началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски и вработениот во УБК Никола Бошкоски, кои се во притвор во Грција, како и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, поранешниот  директорот на УБК Сашо Мијалков и шефот на кабинетот на Мијалков, Тони Јакимовски.

Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби.

Комуникацијата била следена пред да бидат издадени и по завршување на траењето на важноста на судските наредби на 1.541 броја или вкупно 5.827 телефонски броеви. Прислушувани биле над 20 илјади граѓани.

За овој предмет судско рочиште е закажано и на 17 јануари следната година.