Кејти Пери објави спот за песната “Hey Hey Hey” во кој буквално станува без глава.Пејачката во спотот се претвора во кукла од 18 век, носи балски фустан, перика и порцеланска шминка.

Меѓутоа, Кејти Антоанет мечтае да стане витез кој јаде колачиња и не мора да оди на состаноци со контиња. Кога ќе собере храброст да се бори за себе, и ја отсекуваат главата.