На мажите ова нема да им се допадне: Кој најдобро поминува во сексот?

од desk2
128 прегледи

Резултатите од нова студија покажуваат дека луѓето со хомосексуална ориентација и понатаму трпат омаловажување и дискриминација, но дека во нешто се подобри од хетеросексуалците.

Студијата ја проучувала зачестеноста на оргазмот кај хетеросексуалците, бисексуалците и хомосексуалците. Резултатите покажале дека хомосексуалците на своите партнери им пружаат најмногу оргазми.

Мажите со хетеросексуална ориентација доживуваат оргазам во 95 отсто случаи, додека геј и бисексуалните мажи доживуваат оргазам во 89 отсто од случаите. Она што е поинтересно е дека 86 отсто од лезбијките доживуваат оргазам при секој секс, а во хетеросексуалните врски само 65 жени доживуваат оргазам при сексуален однос.

Овие податоци доведуваат до заклучок дека ако добар секс се дефинира со достигнувањето оргазам, тогаш лезбијките ги доведуваат своите партнерки до оргазам повеќе од мажите.