Македонија во јануари би требало да го ратификува договорот за добрососедство во Македонското собрание очекува министерката за надворешни работи на Бугарија Екатерина Захариева. Во изјавата за Бугарското Национално Радио таа вели дека е запознаена со тоа дека македонската влада го предала договорот во собрание но сега следува процедурата за нагова ратификација.

„Договорот за добрососедство со Македонија веќе е поднесен од владата до парламентот, но сè уште не е ратификуван, се надевам и очекувам дека пратениците ќе го поддржат во јануари.“
Во меѓувреме пак вчера во Софија се сретнаа и двајцата поглавари на МПЦ и БПЦ Г.Г Стефан и Патријархот Неофит. Бугарските печатени медиуми пак пренесоа дел од изјавите кои ги дале. Патријархот Неофит за бугарските медиуми вели:
„Не е лесна одлуката која ја превзеде БПЦ но до сега ништо не се правеше за решавање на проблемот со Македонската архиепископија. Нека сега Божјата мудрост и милост ги охрабри и направи мудри и учесниците во меѓуцрковните комисии.“
Во Изјавата која ја пренесуваат бугарските медиуми која ја дал Г.Г Стефан пак се наведува:
„Писмото што го испративме до Бугарската патријаршија дека таа може да е наша црква-Мајка, е прифатено во целосна едномислие од нашиот Свети синод. Некои од соработници може да имаат и свое видување, но важно е што решава и вели мнозинството!“
Светиот синод на МПЦ со писмо од 27 ноември го извести синодот на БПЦ дека ја признава црквата за своја мајка. Од седницата која тогаш ја одржа синодот на БПЦ пак беше заклучено дека таа ќе ја застапува МПЦ пред другите цркви од православниот свет. Ова особено пак наиде на низа реакции и во јавноста особено од страна на Српската и Грчката црква./24Vesti