Мета во писмо до Трамп изразува жалење за гласањето на Албанија во ОН

од desk2
99 прегледи

Албанскиот претседател Илир Мета денеска испрати писмо до американскиот претседател Доналд Трамп во кое изразување жалење во врска со вчерашното гласање на Албанија во ОН за поддршка на Резолуциата против американската одлука за признавање на Ерусалим за главен град на Израел.

– Гласот против нашиот голем сојузник и пријател е даден без никаква претходна консултација со институцијата Претседател на Република Албанија, ниту со Парламентот на Албанија и не го отсликува ставот на албанскиот народ, кој никогаш нема да ја заборави поддршката на САД во најтешките мигови од неговото постоење, се наведува во писмото од Мета до Трамп.

Тој додава дека лично ќе побара објаснувања за овој став и одлука на Владата. – Тоа е во спротивност со нашите пријателски и стратешки односи и интересите на нашите народи, стои во писмото.

Претходно, преку својот портпарол, шефот на албанската држава, меѓу другото оцени дека „одлуката и гласот против е целосно непотребен, не го отсликува државниот и уште повеќе сенационален консензуален став“.

Лидерот на најголемата опозициска сила, Демократската партија, Љуљзим Баша изјави дека Владата на Еди Рама направила грешка со дадениот глас во ОН. Според Баша, кој потсетува на проамериканската определба на Албанците во изминатите 27 години, тое е против националниот интерес на Албанците ./МИА