Седум дена откако објави дека на врвот на ракетата Фалкон Хеви планира во вселената да го прати изворниот спортски автомобил Tesla Roadster, основачот и директор на SpaceX, Елон Маск објави фотографија од возилото кое се подготвува за лансирање во седиштето од комапнијата.

Серија фотографии објавени се на Инстаграм, а на нив може да се види како Roadster-от е прицврстен за половината на ракетата поради носивост на товарот. Планот е автомобилот да биде на врвот на ракетата која треба да се упати кон орбитата на Марс. Сепак, Маск предупреди дека постои шанса првото лансирање да не биде успешно.
Tesla Roadster беше првиот електричен автомобил на светот кој е претставен на пазарот пред десет години. Маск оваа година лансираше и нов Roadster кој е поголем и побрз.
„Тестирачките летови на новите ракети содржат масовни симулатори од бетон или челични блокови. Тоа се чинеше многу досадно. Секако, што и да е досадно е и ужасно, а особено компании, па зстоа одлучивме во вселената да пратиме мешто необично, нешто што не поттикна да чувствуваме. Црвен автомобил за Црвената планета“, напиша Маск на Инстаграм.