Јадењето јаболка и домати може да помогнат во заздравување на белите дробови на поранешните пушачи. Истражувањето покажа дека возрасните лица кои јадат два домати и повеќе од три јаболка дневно имаат поспоро опаѓање на функцијата на белите дробови во однос на оние кои ретко јадат домати и јаболка.

Меѓутоа, позитивните дејства ги имаат само свежите овошја и зеленчук, што значи дека конзервираните и обработени видови го немаат посакуваниот ефект.
Студијата на училиштето Јонс Хопкинс Блумберг во 2002 година ја процени исхраната и функцијата на белите дробови кај 650 возрасни лица, а потоа ги повтори истите тестови на групата десет години подоцна. Учесниците од Германија, Норвешка и Велика Британија исполнија прашалници за својата исхрана и вкупниот внес на хранливи материи, а им беше направена и спирометрија – постапка со која се мери капацитетот на белите дробови да земаат кислород. Во обзир беа земени и возраста, висината, полот, индексот на телесна маса, социо-економскиот статус и физичката активност.
Резултатите се објавени во магазинот Respiratory Journal и утврдија поврзаност меѓу исхраната и функцијата на белите дробови која е поголема кај поранешните пушачи. Утврдено е дека хранливите материи кои се наоѓаат во доматот и овошјето, посебно јаболката, помагаат во опоравување на белите дробови предизвикани од пушењето.